Вита-Ве нуди пријатна, безбедна и пријателска средина, каде што старите лица можат да си ја задржат нивната независност, доколку тие сакаат, но имаат пристап до поддршка кога им е потребно.
Целта на нашиот дом е да се задржи квалитетот на животот на нашите корисници. Приватноста на нашите корисници е на високо ниво на нашата листа на приоритети.
Со седиште на ул. Бутелска 29 бр. 5 Вита-Ве се наоѓа на влезот во населба Радишани далеку од големата бучава, метеж и загаденост на градот Скопје а сепак само 7km оддалеченост од центарот на градот. Локацијата е согласно високите критериуми за достапност и инфраструктурна поврзаност, а сепак заштитено од гужва и метеж.
Домот за стари лица Вита-Ве ви нуди можност за комплетна релаксација во мир, тишина и прекрасно хортикултурно уреден двор со летниковец, прекрасна фонтана, дрвени клупи, лулашки, патеки за прошетки кои се уредно осветлени со кандилабри, а зелената површина, цвеќето и зимзелените дрвја се посебна бајка која со зборови неможе да се доживее, треба само да се види и ужива а со тоа да се зајакне и впечатокот за идеалното место за вас, вашите родители или блиски пријатели.
Објектот е во приватна сопственост и располага со над 700m2 станбен објект и над 600m2 дворно место. Сите простории се опремени по европски стандарди и правилник за установи за социјална заштита. Објектот располага со едно, дво и трокреветни соби опремени со ТВ приемник поврзан со сателитска антена, радио приемник, климатизер, противпожарен апарат, копче за повик на медицинска сестра, кревети со механизам за подигање, медицински душеци кои се исклучително важни за клиенти со ревматски болки, одземеност на дел од телото или целосна парализа од различни причини итн., наткасна, шкаф, над светло.
Ладење и греење со најсовремен систем 24 часа на ден, така што постојано има топла вода со што се овозможува целосна хигиена во секое време кога и да е потребно. Дневниот простор е место каде што сите клиенти го поминуваат поголемиот дел од денот во една пријатна атмосфера со удобен и конфорен мебел, опкружени со прекрасни уметнички дела кои ги красат ѕидовите. Тоа е место за секојдневен оброк, забава, релаксација, читање книги, дневни весници, слушање музика, разговор и др.